Тешка сообраќајка кај Облешево- маж почина на пат кон болница

Велосипедист загина откако во него удрил автобус. Сообраќајката се случила денеска околу 16 часот и 20 минути на магистралниот пат А3 Штип-Кочани, во близина на селото Облешево.

Како што информира МВР, автобус управуван од 61- годишниот М. М од Кочани удрил во велосипедист управуван од 59- годишниот С. Т од село Мојанци, Кочани. С.Т. бил примен во Општата болница Кочани, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил транспортиран за Скопје, но по пат починал.

Според првичните информации, автобусот и велосипедистот се движеле во иста насока.

Извршен е увид на местото на несреќата од крим техника и од јавен обвинител од Кочани. По наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција на телото.
Сообраќајот, кој поради несреќата се одвиваше наизменично, по една коловозна лента, сега е нормализиран.

 

 

 

 

18.01.2018 - 19:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега