Драма во Тетово: Поради расправија околу девојка малолетник нападнат со нож

 

Во Клиничкиот центар во Тетово, вчера околу 17:40 часот повреден бил донесен 17-годишен малолетник од Ново Село, Општина-Боговиње, кој имал расекотина на главата и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

Според неговата изјава за МВР, истиот бил нападнат од страна на 20-годишниот В.И. и 21-годишниот Х.И. од село Ларце-тетовско.

В.И. со рачка од нож го удрил во пределот на главата. Причина била расправија околу девојка. Истовремено и двајцата напаѓачи сами се пријавиле во Полициско одделение Групчин и во разговорот негирале дека употребиле нож, односно кажале дека физички го нападнале малолетникот, но дека истиот паднал на глава на асфалтна површина и се повредил и дека истиот во повеќе наврати ја вознемирувал нивната сестра.

По наредба на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Тетово двајцата биле задржани во СВР-Тетово заради целосно расчистување и документирање на случајот.

 

 

 

19.01.2018 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега