Кражба на Партизанска - го паркирал автомобилот и ги оставил клучевите на бравата
Вчера во 17:25 часот 25-годишниот Б.П. пријавил дека истиот ден околу 16:15 часот на булеварот „Партизански Одреди“ од страна на непознат сторител му било одземено патничко моторно возило „Голф- 6“ со скопски регистерски таблици во кое имало еден лап топ компјутер, Ајпод мини и еден пар скијачки чизми.
Одземањето било извршено на тој начин што откако сторителот дошол до паркираното возило кое било запалено и со клуч во брава, влегол во истото, го ставил во движење и заминал во непознат правец, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу од 700.000 денари.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа