Не сте ни свесни колку бактерии има во машините за садови - ослбодете се од нив лесно и спречете заболување
Научниците откриле како опасната габа Exophiala dermatitidis се појавува во машините за садови. Дури кај 62 отсто од тестираните машини се најдени траги од организми кои можат да бидат смртоносни за човекот.
Истражувањето е спроведени во над стотина градови во светот, а најмногу примероци се земени од домаќинствата во Словенија. Освен во машините за садови, габите се пронајдени и во машините за алишта, но во значително помали количини.
Габите можат да ги преживеат хемикалиите кои се користат при миење садови, како и високата температура, а ако дојде во допир со човекот може да биде особено штетна. Прво ги напаѓа белите дробови, а потоа предизвикува разни инфекции, кои може да бидат смртоносни.
- Тоа што ги пронаоѓаме на толку екстремни подрачја потврдува дека овие организми еволуирале, Тоа може да биде голем проблем за луѓето и нивното здравје, вели биологот Полона Залар од Љубљана.
Што да се направи за да се намали бројот на габичките во машините за миење садови?
Сода бикарбона, оцет и избелувач можат да ви помогнат да се ослободите од габичките. Еднаш месечно би требало да ги извадите сите делови на машината кои не се фиксно прицврстени, и сите нив добро да ги исперете со топла вода. Да ги избришете и да ги оставите да се исушат.
– Потоа треба да измешате половина шолјичка оцет со две шолички топла вода и со таа смеса да ја изрибате внатрешноста на машината, особено вратата.
– Потоа земете мал стаклен сад полн со оцет и ставете го на горната полица и вклучете ја машината. Кога овој процес е готов, шоличка сода бикарбона ставете на дното на машината и поворно вклучета ја во програм.
– Пред повторно користење машината за садови треба уште еднаш да ја задвижите празна, користејќи ги вообичаените таблети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа