Момче нелегално сечело и крадело дрва од шума во Радовиш
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против 20-годишниот Д.М. од село Горни Липовик, радовишко за сторено кривично дело “Kражба на шума“.
Пријавениот на 23.12.2017 година околу 16 часот од местото „Било“, атар на село Горни Липовик, исекол и одзел 18,149 метри кубни дабово огревно дрво, со што се стекнал со противправна имотна корист од 127.022 денари.
24.01.2018 - 13:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа