Пријатно и сончево време - уживајте!

 Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Денеска и утре ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 16, освен во Малешевијата каде ќе биде значително пониска и ќе се спушти до пет степени, а дневната ќе изнесува од 24 до 32 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура од 13 и со дневна до 30 степени.

03.09.2013 - 08:42

најчитано сега