Трагедија во Тетово: Мајка и четири малолетни деца загинаа во пожар
Четири деца и нивната мајка загинаа во пожар во Тетово што синоќа избувнал во нивната куќа во населбата Поток, околу 4 часот утринава, објави Нова Македонија.
Ова се првичните неофицијални информации од тетовската пожарна.
Мајката Фатиме Зулбеари е 38 годишна, а децата се на возраст од 4 до 13 години, три машки и едно женско.
Од првата помош информираа дека на три деца им била дадена прва помош заради сериозни изгореници по телото.
Во моментот се уште трае увид на обвинителството и полицијата.
25.01.2018 - 09:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа