Пожар во куќа во скопско Студеничани
Вчера околу 10 часот и 30 минути во село Студеничани, скопско, избувнал пожар во куќа.
Од полицијата известуваат дека пожарот избувнална улица „1“ куќа ви сопственост на 61 годишниот Р.Е.
Опожарена била една соба и инвентарот. Од извршениот разговор со сопственикот како можна причина за настанување на пожарот се наведува вклучена греалка во собата.
Од страна на Бригада за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.
25.01.2018 - 10:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа