Детали за страшната несреќа кај Карпалак: Удрил во карпа, тројца во болница
Денеска околу 09 часот на автопатот Скопје-Тетово се случила сообраќајна незгода во која 22-годишниот И.Р. од Скопје управувајќи возило „Форд Ескорт“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во карпа, по што возилото се превртело на десната страна.
Во незгодата со повреди се здобиле возачот и тројца сопатници на возраст од 22, 24 и 27 години, кои биле префрлени во болница во Тетово.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
28.01.2018 - 13:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа