Страшна несреќа: Младо момче прегази пензионер во Скопје
Во 12 часот во Скопје на улицата „Кузман Шапкарев“ возило „Волксваген Кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 20-годишниот Е.С. удрило во пешак.
Се работи за 71-годишниот А.Ј. кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди и тоа фрактура на десно рамо и лева нога и ресекотини и набиеници во пределот на главата.
За среќа, пешакот не е во животна опасност.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
29.01.2018 - 10:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа