Цариниците го отвориле камионот и имале што да видат - голема заплена на македонската Царина
На граничниот премин Богородица македонската Царина заплени над 300 килограми марихуана.
Според информации на МИА, најверојатно дрогата е запленета вчера во камион со грчки таблички, управуван од грчки државјанин.
Царинската управа за утре најави прес-конференција, на која ќе бидат објавени повеќе детали за случајот.
29.01.2018 - 19:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа