Решенијата со кои Дуроловски и Божиновска ќе бидат пуштени во домашен притвор од денеска се правосилни
Кривичниот совет на Основниот суд Сопје 1 донесе одлука мерката притвор за Игор Дурловски и Елена Доцевска-Божиновска да биде заменета со куќен пртвор. Решенијата за оваа одлука од денеска се правосилни и треба да бидат доставени до затворот во Шутка, по што тие ќе бидат пуштени дома.
Пратеничката Жаклина Пешевска доби мерка претпазливост и сѐ уште чека правосилно решение за да го остави пасошот во Кривичен и после два месеци куќен притвор да може да го напушта домот.
Сите тие се обвинети за случувањата во Собранието на 27. април.
29.01.2018 - 19:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа