Под подот на приколката си скрил 100 килограми хероин
Над 100 килограми хероин се запленети на граничниот премин Капикуле-Капетан Андреево на турско-бугарската граница, објави информативниот сајт Хаберлер.
Дрогата била откриена во камион управуван од турски возач. Хероинот е откриен од турските граничари при детална проверка во таен дел на подот на приколката на камионот.
Возачот е задржан под сомнение за шверц на дрога.
03.09.2013 - 11:32