Трагедија во Македонија: Маж загина во сообраќајна несреќа
Вчера околу 22.00 часот на магистралниот пат Штип-Кочани се случила тешка сообраќајна несреќа.
Во атарот на село Тркање, патничко моторно возило „Форд фокус“со кочански регистерски таблички управувано од 36- годишниот Д. А од село Бели,Кочани излегло надвор од коловозот.
Од здобиените повреди Д.А. починал на местото на настанот.
31.01.2018 - 09:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа