Понеделник неработен ден - проверете кои денови се неработни до крајот на годината
Министерството за труд и социјална политика информира дека 8 Септември - Денот на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден за граѓаните на Република Македонија.
Денот на независноста е прогласен за неработен согласно Законот за празници на Република Македонија
За сите граѓани на РМ
- 08 Септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден
- 11 Октомври (петок), Ден на народното востание
- 23 Октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
- 08 Декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден
За граѓаните од католичка вероисповед
- 01 Ноември (петок), Празникот на сите светци
- 25 Декември (среда), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
- 15 Октомври (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
- 22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
- 14 септември (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
- 28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
- 21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик
03.09.2013 - 21:46