Масовен убиец слободно шета по улиците на Братислава?

По неодамнешното откривање на женско торзо во реката Дунав, која тече низ словачкиот главен град Братислава, на социјалните мрежи се појавија информации дека се пронајдени и други човечки останки, за што се претпоставува дека се дело на масовен убиец, јави дописникот на МИА.

Се редеа и се повеќе детали, наводно од „сигурни извори од патологија“ дека е забележано оти серискиот убиец телата ги сече по однапред одредени линии, како и дека неговата техника на „касапење“ се подобрува. 

- Информациите не се вистинити и не се точни, изјави портпаролката на братиславската полиција, Татјана Куруцова. 

Според, локалните медиуми, неодамна пронајденото тело се претпоставува дека е на млада 17-годишна девојка чиј идентитет се уште не е познат, затоа што досега никој не пријавил дека такво лице исчезнало.

 

 

04.09.2013 - 09:42

најчитано сега