Еден пожарникар повреден во пожарот кој беснее во Сплит

Синоќа избувнал голем шумски пожар во близина на Сплит кој претставува опасност за локалните куќи. 

Огнот зафатил борова шума, ниска вегетација и трева, а во неговото гаснење учествуваат 50 пожарникари и 15 противпожарни возила, јави Хина. 

Пожарот избувнал синоќа околу 19 часот и 30 минути и брзо се проширил во повеќе правци поради силниот ветер. 

Инаку, при гаснењето на пламените јазици, еден пожарникар се здобил со повреди.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, мештаните веруваат дека пожарот е подметнат.

04.09.2013 - 12:36

најчитано сега