Пронајден мобилен телефон во ќелијата на еден од обвинетите во „Монструм“

Затворските стражари пронашле мобилен телефон со три сим картички во ќелијата на Фејзи Азири - еден од обвинетите за тероризам во случајот „Монструм“, пишува Плусинфо. Претседателот на Судскиот совет го предупредил Азири да ги почитува условите и законските норми кои ги диктира притворот, а Азири тврдел дека телефонот не бил негов.

- Јас во ќелијата сум со цимер, а тоа им го кажав и на стражарите во затворот. Телефонот не е мој, а дали сум го користел може да проверите преку СИМ картичките, вели Азири, пренесува Плусинфо.

Адвокатот на Азири, Насер Рауфи, денеска истакна дека Советот реагирал само кога било забележано непримерно однесување на обвинетите, а не реагирал кога обвинетите се жалеле дека при спроводот лисиците многу им биле премногу стегнати.

Најавено е дополнително вештачење на мобилниот телефон пронајден кај Азири.

Денеска во Основниот суд Скопје 1 продолжи доказната постапка за „Монструм“. Како сведок се појави мајката на обвинетиот Сејди Рами, Шукрие Сејдија. Судот и обвинителството ја прашуваа мајката на Рами за семејното стебло и роднинските релации во фамилијата, додека за денот на убиствата воопшто не стана збор.

Извор: Плусинфо

 

04.09.2013 - 14:44

најчитано сега