СДСМ: Партиски отпуштања во Охрид и Карпош

 СДСМ денеска обвини дека во Охрид и скопската општина Карпош се отпуштаат државни служебници, наставници и професори кои не се членови на партиите на власта.

Портпаролот на партијата Петре Шилегов на прес-конференција посочи дека покрај 60-тината наставници и професори кои се избркани во општина Охрид, не им се продолжени договорите за работа на 11 лица во општина Карпош. 

- Во услови кога интензивно се вработуваат нови лица со статус „времено вработени“, не им се продолжени договорите за работа на 11 лица. Дополнително, уште 11 редовно вработени државни службеници се преместени во просториите на месните канцеларии во Злокуќани, Бардовци затоа што одбиле да потпишат пристапници за челнство во партијата на градоначалникот, рече Шилегов.

СДСМ бара ваквите постапки да престанат и да се преиспитаат одлуките поврзани со отпуштањата и прераспределбите на вработените. 

04.09.2013 - 15:54

најчитано сега