Видео: Касами избран за претседател на Беса
Биљал Касами е избран за претседател на Движењето Беса, односно на негово крило. Со поддршка од 60 делегати за кандидатура и 455 за претседател, Касами ја доби довербата за уште еден мандат, пренесе Алсат.
- „Тука сме за да го артикулираме политичкиот глас. За правни прашања се занимаваат надлежните органи. И за ова прашање ќе се занимаваат правните институции. Не сакаме правните прашања да ги користиме за политички цели. Движењето Беса е едно. Има еден конгрес и денеска го избра првиот човек и партиските органи. Другиот дел е прашање на органите на редот“, рече Касами.
Запрашан дали е подготвен да му се приклучи на парламентарното мнозинство, Касами истакна дека нивната позиција зависи од ставот на Владата.
„Моментално сме дел од опозицијата и ќе продолжиме да го артикулираме гласот на опозицијата. Ако имаме понуда да бидеме дел од владата, секако дека ќе дискутираме“, одговара Касами.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа