Откриен идентитетот на прегазениот маж кај Капитол - полицијата го откри и возачот кој избега
Пешак бил прегазен вчера напладне на булеварот „Јане Сандански“ во близина на Трговскиот центар Капитол во скопската населба Аеродром.
Според полицијата, несреќата се случила во 14 часот и 40 минути кога возач на „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрил во 66-годиниот пешак А.Н. од Скопје и побегнал.
Повредениот веднаш со возило на Брза Помош е префлен во Ургентен Центар, но лекарите не успеале да го го спасат.
Кратко по незгодата полициските „алфи“ го пронашле возачот на пежото, дваесет и осумгодишниот скопјанец А.Р. кој е приведен во ПС Гази Баба, а пронајдено е и возилото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа