Кавадарчанка приморувала дете да се проституира
Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти при Одделот за сериозен и организиран криминал на МВР до ОЈО за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против 42-годишната М.Д. од Кавадарци поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело - “трговија со дете“ по член 418 од КЗ на РМ.
Имено, според документираните сознанија, утврдено е дека пријавената во текот на декември минатата и јануари оваа година го принудувала детето Р.И. штитеник на ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми“25 Мај“, да дава сексуални услуги на поголем број лица за одреден паричен надомест.
Исто така, покрај сексуалната експлоатација, пријавената вршела и трудова експлоатација врз детето принудувајќи ја за нејзина сметка да питачи.
М.Д. е задржана во Полицијата Кисела Вода и во текот на денот ќе биде однесена за распит при Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа