Кражба во Охрид - го паркирал автомобилот и ги оставил клучевите на брава

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишниот Ј.П. од село Грчец, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило”. 

Имено, тој на 17.12.2017 година околу 9 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид Ј.П. одзел  патничко моторно возило  „Тојота корола“ кое било отклучено, со клучот на бравата и со вклучени четири трепкачи. По преземени мерки и активности, истиот ден, возилото било пронајдено и предадено на сопственикот.

 

 

 

26.02.2018 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега