Тешка кражба во Тетово - „оперирал“ по маркети, обложувалници, менувачници и џамии

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 24-годишниот Џ.И. од село Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени 13 кривични дела  „тешка кражба“ и седум кривични дела „тешка кражба во обид“.

Во периодот од мај 2017 година до јануари 2018 година на подрачјето на Тетово, пријавениот со употреба на физичка сила и погоден предмет, влегувал во спортски обложувалници, маркети, продавници, аптеки, сендвичари, менувачница, осигурителни компании и џамија, каде што одземал  пари, цигари, метален сеф и пиштол. На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 295.000 денари.

 

 

 

26.02.2018 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега