Откриен идентитетот на прилепчанецот кој почина на лице место во сообраќајка
Во 15 часот и 50 минути вчера на патниот правец Битола-Прилеп, патничко возило „Опел вектра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот З.Р. од Прилеп, излетало од коловозот и се превртело на покривот.
Од здобиените повреди на лице место починал З.Р.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.
27.02.2018 - 09:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа