Вооружен грабеж во бутик во Скопје
Вчера во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека околу 20:30 часот во бутик на улицата „Никола Вапцаров“ во Скопје непознат сторител извршил разбојништво.
Како што информираат од МВР, сторителот со закана со пиштол од вработената го одзел дневниот промет и побегнал во непознат правец.
Полицијата презема потребни мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
27.02.2018 - 14:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа