Ограбена Шпаркасе банка во Скопје
Утринава беше ограбена филијала на Шпаркасе банка на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје- дознава ТВ21
Според неофицијални извори, две наоружени лица влегле во банката, ја ограбиле банката за неколку минути и заминале во непознат правец.
Полицијата го евакуирала персоналот а засега нема повредени лица и не се знае колкава сума на пари е украдена.
28.02.2018 - 12:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа