Познат идентитетот на починатиот и тешко повредените во сообраќајката што ја потресе Македонија
МВР излезе со официјални детали околу тешката сообраќајка што утрово се случи на патот Градско – Прилеп.
Денеска околу 10 часот и 10 минути на магистралниот пат Градско – Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Волво“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.Г.(30) од Велес, и такси возило „Мерцедес“ со скопски регситарски ознаки управувано од К.Л.(35) од Скопје.
Во незгода К.Л. починал на местото на настанот.
Сопатничките во возилото Мерцедес, М.И.(64) и А.И.(31), двете од Битола, се здобиле со повреди.
Повредените се пренесени во болница во Кавадарци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа