ВМРО-ДПМНЕ: Над 7000 стечајни работници остануваат надвор од законскиот опфат
Министерството за труд и социјална политика предводено од Мила Царовска пука по сите линии и не успева да одговори на потребите на граѓаните и обврските што ги има, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Изневерени се очекувањата на пензионерите кои се надеваа дека ќе продолжи зголемувањето на пензиите започнато од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Малолетни девојчиња се силуваат по домовите, а изманипулирани се и стечајните работници. Над 7000 стечајни работници остануваат надвор од законскиот опфат. Додека Царовска се слика на владини пресконференции над 7000 стечајци се борат за својата егзистенција. СДСМ и Царовска од опозиција ветуваа експресно и целосно решавање на статусот на стечајните работници, за сега повеќе од 60% од стечајците да останат надвор од регулација со законот кој денес го најавија, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека од поднесени над 12.000 барања, власта првично опфати едвај 2500.
Стечајците чекаат СДСМ да ги исполни своите ветувања, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа