Синоќа апсење на „Деве баир"
Во 18 часот и 45 минути на Граничниот премин „Деве Баир“, поради сомнение за фалсификување на исправа-зелена карта, од слобода бил лишен 38-годишниот О.Г. од Република Турција, кој управувал товарно моторно возило „Рено премиум“ турска национална ознака со полуприколка „Fruehauf“ со турска национална ознака.
О.Г. на увид за наведеното возило и полуприколката доставил зелени карти за осигурување од автоодговорност издадени од осигурителна компанија со важност од 07.11.2017 до 07.11.2018 година од осигурителна компанија од Република Турција.
Лицето било приведено и во 21 часот и 50 минути било предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа