Полицијата запрела Мерцедес со двајца кумановчани па веднаш ги привела

Околу 22 часот синоќа на патот од Куманово кон село Костурник, од страна на полициски службеник е забележано патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 38-годишниот Б.И. во кое како сопатник бил 21-годишниот К.И. од Куманово.

Полицијата информира дека излегле и две непознати лица, а од страна на полициските службеници извршено е легитимирање и обавен е разговор при што двете лица на возраст од 30 и 48 години од Либија, изјавиле дека сакале да се превезат до село Лојане.

Лицата се лишени од слобода, а Б.И. и К.И се поднесени кривични пријави по лчен 418 б (криумчарење мигранти) од КЗ на РМ.

 

 

 

02.03.2018 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега