Внимавајте на Инстаграм - тетовчанка морала да ја извести полицијата

22-годишната Ј.А. од село  Боговиње, тетовско, пријавила злоупотреба на лични податоци од страна на непознат сторител.

Во изминатите три месеци, засега непознат сторител, на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавувал нејзини податоци, информации и видео материјали со што го нарушувал угледот и честа на Ј.А. и нејзиното семејството.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.  

 

 

 

02.03.2018 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега