Сообраќајка на патот Охрид-Кичево: Три лица веднаш префрлени во болница

Вчера во 19:35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу село Мешеишта и село Требеништа, дошло до судир помеѓу патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот И.Б. од село Мешеишта и патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот Г.М. од Скопје.

Од судирот со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „Опел Мерива“, С.М.(61) и А.М. (66). Тие биле пренесени и задржани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле сопатникот во возилото „Опел Мерива“ А.Г.Г. (36) од Скопје, како и возачите на двете  возила. 

По укажаната помош тие биле пуштени на домашно лекување.  Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

 

 

 

 

03.03.2018 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега