СДСМ: Државната каса се полни - домашните каси безмилосно се празнат
Премиерот Груевски не само што не се откажува од огромните казни со кои што егзистенцијално 8 - ма година ги цеди граѓаните, туку денеска бесрамно се пофали дека ја забрзува постапката за изрекување глоба.
Груевски со неговите политики на годишно ниво одзема од скромните домашни буџети, две милијарди денари за казни по разни основи!
За 7 години Груевски и неговата Влада на име глоба извлекле од граѓаните огромни 8 милијарди денари!
Измените што ги објави Груевски се само козметичкото шминкање на политиките на власта.
Тоа што владата објавува дека за социјалните случаи паричната казна ќе биде заменета со општокорисна работа, е само замајување на јавноста, бидејќи казните и досега не можеа да бидат присилно наплатени кај оваа категорија граѓани.
Јасно е дека секогаш кога премиерот соопштува нешто со половина Влада позади себе, станува збор за нова неволја.
СДСМ уште еднаш повикува на преполовување на казните, бидејќи досегашната пракса покажа дека домашните каси безмилосно се празнат, само за масовно да се полни државната каса за непотребни луксузирања на власта.
Интегрален текст од изјава на СДСМ.