Во Чаир се запали автомобил во движење

 

Автомобил марка „Застава 101“ вчера попладне се запали додека се движеше по улицата „Цветан Димов“ во Чаир.

Како што изјавија за МИА од МВР, пожарот избувнал во 17 часот и 40 минути додека 27- годишниот А.Т го управувала своето возило. Пожарот набрзо потоа бил изгаснат, а во гаснењето помогнале граѓани.

Нема повредени во инцидентот. 

 

 

 

04.03.2018 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега