Од денеска ќе се возат во Голф 7 - добитникот во инстант лотаријата Седма брзина ги доби клучевите од автомобилот
Емилијано Горица од денес ќе може да го вози својот автомобил Голф 7, премијата освоена во најнова игра на среќа 7-ма Брзина на Државна лотарија на Македонија. Клучевите ги доби денеска на пладне, пред новиот Театар во центарот на Скопје, од маркетинг директорката на Државна лотарија на Македонија, Камелија Левенска Николовска.
Добитанта грепка ја купил од мобилен продавач. Инстант лотаријата СЕДМА БРЗИНА беше лансирана на 10-ти јули годинава. Во игра се уште 9 автомобили. Вкупниот број на добивки во новиот Инстант лоз на ДЛМ е 311.030, а вкупен фонд е 26.702.000 денари, со што секој трет лоз е добитен.
05.09.2013 - 16:14