Пронајден мртов маж лице во водите на Дојранското езеро
Вчера во 11 часот и 20 минути во Полициското одделение Нов Дојран, 47- годишниот Г.С пријавил дека во водите на Дојранското езеро, на место викано „Мрдаја“ пронашол починато машко лице.
Телото било извадено од езерото, а увид на местото извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија. М.С. (33) од Гевгелија извршила препознавање и потврдила дека починатото лице е нејзиниот татко 63- годишниот Ѓ.А од Нов Дојран, кој на 15.12.2017 година бил пријавен за исчезнат.
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
04.03.2018 - 11:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа