Прегазен пешак, во Паланка инто пренесен во болница со тешки телесни повреди

Вчера околу 10 часот и 10 минути на улица „Маршал Тито“ во  село Горни Подлог, кочанско, се случила сообраќајка во која бил прегазен пешак.

Имено патничко возило „Опел Астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 34- годишниот И.С од село Мојанци, удрило во пешакот 27- годишниот Д.Д од Крива Паланка.

Од ударот пешакот Д.Д. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар Кочани бил префрлен во Клиничката болница Штип.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани.

 

 

 

 

04.03.2018 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега