Викендов трагедија на македонските патишта: Починал на лице место

Во 13 часот и 30  минути вчера на автопатот Скопје-Гевгелија, кај селото Удово, мотоцикл „Хонда CVR 1000“ без регистарски ознаки, управуван од страна на 40-годишниот Т.П. од Кавадарци, удрил во задниот дел од патничко возило „Голф 4“ со бугарски национални и регистарски ознаки, управуван од 20-годишниот А.Д.П.

По ударот, возачот на мотоциклот со возило на Итна медицинскa помош бил пренесен во Медицински центар Велес каде била констатирана смрт, пренесе полицијата.

Увид на местото на настанот  извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Неготино. 

 

 

 

05.03.2018 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега