Гостиварчанец едвај спасил жива глава на улица
48-годишниот А.З. од Гостивар пријавил дека околу 16 часот и 40 минути на булеварот „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар бил физички нападнат од 24-годишниот Л.Ј. од Гостивар кој го пресретнал и почнал да го навредува, по што и физички го нападнал удирајќи го со тупаници и клоци по главата и телото и му нанел видливи повреди.
Случајни минувачи го спречиле Л.Ј. да продолжи со нападот.
Тој бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
05.03.2018 - 13:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа