Судење за случајот „Алмир": Сведочеа братот и девојката на обвинетиот
Во Основниот суд во Куманово денеска за случајот со малиот Алмир сведочеа девојката и братот на осмоничениот Бобан Илиќ. Беа сослушани и членови на семејството на малото момче.
Прегледувајќи ја видео снимката од критичниот момент кога се случи физичката пресметка и бркотницата со автомобил на двете групи, Бојан тврдеше дека бил нападнат од неколку лица и во обид да го извадат од колата им ја одземал металната шипка, со која подоцна почнал да мава за да се заштити од напаѓачите, пренесе КумановоЊуз.
Мерцедесот со кој е прегазен Алмир, Бојан го поправил со дозвола на Овинителството и бил даден на продожба, но подоцна огласот е повлечен.
Илиќ е обвинет дека на 25 јуни 2016 година намерно го прегазил Алмир Алиу по претходна банална расправија со неговиот татко во Здравствен дом Куманово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа