Полицијата го приведе третиот напаѓач на малолетникот на Рекорд
Полицијата денеска го привела и третиот напаѓач на 17-годишниот З.Т., кој на автобуската постојка „Рекорд“ во центарот на Скопје во четвртокот беше прободен во стомакот.
Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека во врска со нападот на 1 март е приведен 15-годишниот Б.Н. од Скопје.
- Б.Н заедно со Р.А. (18) од Скопје и К.Т. (18) од скопското село Љубин физички го нападнале З.Т. и му нанеле убодна рана со тврд предмет во пределот на стомакот. Б.Н. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, соопшти МВР.
06.03.2018 - 23:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа