Прегазено дете велосипедист од Скопје заврши во болница

Вчера во 11:20 часот на улицата „Васко Карангелевски“ во Скопје, во близина на „Мајчин дом“, патничко возило „Нисан Микра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот Г.Ж.од Скопје, удрило во велосипед управуван од 12-годишно момче од Скопје. 

Од ударот детето се здобило со повреди и со возилото на возачот било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

07.03.2018 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега