Полицијата изврши претрес во куќа во Тетово - едно лице уапсено

Во текот на вчерашниот ден од 17:00 до 19:00 часот, по претходно издадена судска наредба, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле претрес во домот и помошни простории во сопственост на 48-годишниот Е.М. од Тетово.

При претресот, под прозорецот од бањата, билo пронајденo ќесе во кои имало кокаин.

Е.М. бил приведен и задржан во Полициската станица Тетово. По целосно документирање на случајот против Е.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

07.03.2018 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега