СДСМ: Коце Трајановски се кити со туѓи перја!

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски вчера промовираше како нов, парк стар неколку децении, само затоа што биле засадени 100 нови дрвја. Ова е истиот парк постепено уништуван со сеча на старите тополи. Трајановски наместо да се ќити со туги перја и да се фали, треба да одговори зошто сите овие години на управување со Ј.П. Паркови и Зеленило од страна на ВМРО - ДПМНЕ, паркот не е зазеленет со нови садници и облагороден со нови клупи, патеки и други содржини.

Инаку, во овој парк “Македонија“, веднаш до него, промовиран лани како грандиозен од премиерот Груевски, пола Влада и градоначалникот Коце Трајановски, требаше да има повеќе од 1.500 зимзелени дрвја и околу 300 листопадни.

Засадувањето на над 1.800 дрвја лично го најави Градоначалникот Трајановски.

Денес, како што може да видите нема 1.800 дрвца туку едвај 300.

Градот Скопје треба да каже дали платил 6 пати повеќе садници и каде завршиле тие?

Реалноста, како што може да се види, се разликува значајно од фалењата на дрвосечачот Коце Трајановски. Граѓаните очекуваат одговор.

Инбтегрален текст од изјава на СДСМ.

 

 

06.09.2013 - 13:41

најчитано сега