Тешка несреќа: Прегазено седумгодишно дете итно донесено на скопските Клиники
Во 18 часот и 40 минути во Куманово на улица „Доне Божинов“, 30-годишниот С.Д. од Куманово, управувајќи патничко моторно возило “Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки удрил во 7-годишно дете, пешак, од Куманово.
По незгодата, детето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Клиничка болница Куманово, а потоа во Комплекс клиники "Мајка Тереза" Скопје, за понатамошно лекување.
Извршен е увид на местото на настанот.
08.03.2018 - 10:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа