Пожар во куќа во Скопје - шестчлено семејство било во неа
Околу 23 часот во Скопје на улица “Катлановска“, во куќата на 70-годишниот А.М. настанал пожар.
Истиот бил изгаснат од страна на членови на семејството. Во моментот на пожарот во куќата престојувале шест члена од семејството, а за среќа нема повредени лица.
Од пожарот предизвикано е оштетување на дел од фасадата.
Извршен е увид на местото на настанот.
08.03.2018 - 10:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа