Откриен нелегален алкохол во фирма во Кавадарци - приведен управителот
Откриени над 9.000 шишиња алкохол спакувани во количина од по 0,7 литри или литар, кои немаат маркица за акцизи, во правно лице во Кавадарци, а управителот е лишен од слобода за да се испита и да се приберат информации за пронајдената стока.
Алкохолот е пронајден при вчерашната акција на Основното јавно обвинителство Кавадарциво координација со Министерството за внатрешни работи.
- Акцијата продолжува и во винарската визба „Поварадарие“, каде според првичните информации пронајдена е поголема количина на жолта лозова ракија, без етикети со бандероли, со назнаки за продажба преку фирмата „Вино Жупа“ од Република Србија, која е сопственик на „Повардарие“ од Неготино, соопшти Јавното обвинителство на Македонија.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издал насоки и наредби за прибирање податоци и потребна документација во предметот. Се преземаат и други дејствија со цел утврдување на фактите.
10.03.2018 - 10:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа