Крвава драма пред училиште во Скопје: Го избоделе со нож за девојка

Во 19 часот и 17 минути од Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ пријавено е дека кај нив е донесен повреден 18-годишниот А.Б. од село Блаце, со убод од нож во пределот на ногата од страна на непознато лице пред училиште во општина Шуто Оризари.

На А.Б. му е констатирана телесна повреда во пределот на десниот колк, а како сторители се посочени неколку малолетници лица, додека како причината се наведува претходна расправија за девојка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

 

 

10.03.2018 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега