Малолетник од Арачиново прегазен со автомобил

Околу 13 часот и 45 минути вчера, на регионалниот пат Куманово – Скопје патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 64-годишниот И.Ј. од Куманово, удрило во 17- годишен пешак од село Орланци, општина Арачиново.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој со друго возило бил пренесен во Општа болница Куманово, од каде како итен случај е препратен во Комплекс клиники "Мајка Тереза".

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

11.03.2018 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега